ЈАВЕН КОНКУРС

Врз основа на член 38 и член 39 од Закон за научно- истражувачката дејност Службен весник на Република Македонија бр. 46/2008; 103/2008; 24/2011, 80/2012; 24/2013; 147/2013 и 41/2014), член 22 од Законот за работните односи Службен весник на Република Македонија бр. 62/2005; 106/2008; 161/2008; 1 14/2003; 130/2009; 149/2009; 50/2010; 52/2010; 124/2010; 47/2011; 11/2012; 39/2012; 13/2013; 25/2013; 170/2013; 187/2013; 113/2014 20/2015; 33/2015; 72/2015 и 129/2015 и Правилникот за систематизација на работните места на ЈНУ Институтот за духовно културно наследство на Албанците – Скопје, ЈНУ Институтот за духовно културно наследство на Албанците – Скопје распишува:

 

ЈАВЕН КОНКУРС

За  избор во научно звање и вработување на еден научен соработник/доцент, избор во соработничко звање и вработување на eден асистент истражувач, и вработување на еден деловен секретар

  1. ЈНУ Институтот за духовно културно наследство на Албанците – Скопје распишува Јавен Конкурс за избор во научно звање и вработување на еден научен соработник/доцент, и избор во соработничко звање и вработување на еден асистент истражувач во следните оддели на Институтот за духовно културно наследство на Албанците, како и еден деловен секретар :

I – 1 (еден) Научен соработник во Одделот за Албански јазик. Кандидатите треба да имаат завршено докторат по филолошки науки;

II –  1 (еден) Асистент истражувач во Одделот за Албански јазик. Кандидатите треба да имаат завршено магистерски студии по филолошки науки;

III – 1 (еден) Деловен секретар. Кандидатите треба да имаат завршено средно образование /гимназија/ или средно стручно училиште;

2. Кандидатите за научен соработник потребно е да ги исполнуваат општите и посебните услови утврдени во Правилникот за систематизација на работните места на ЈНУ Институтот за духовно културно наследство на Албанците – Скопје, од категоријата А, ниво А3:

– Ниво на квалификации VIII според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 480 кредити според ЕКТС или завршен VIII степен;

– Исполнување на критериумите за избор во наставно – научни звања утврдени со Законот за научно – истражувачка дејност, Законот за високо образование, Правилникот за начинот и постапката за избор во повисоко научно звање, Правилникот за постапката и поблиските критериуми за предвремен избор во научни звања (Сл. весник на РМ бр. 82/09).

 

  1. Кандидатите за асистенти истражувачи потребно е да ги исполнуваат општите и посебните услови утврдени во Правилникот за систематизација на работните места на ЈНУ Институтот за духовно културно наследство на Албанците – Скопје, Категорија В ниво В1;

-Ниво на квалификации VII според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/2 степен;

– Исполнување на критериумите за избор во наставно – научни звања утврдени со Законот за научно – истражувачка дејност, Законот за високо образование, Правилникот за начинот и постапката за избор во повисоко научно звање, Правилникот за постапката и поблиските критериуми за предвремен избор во научни звања (Сл. весник на РМ бр. 82/09).

  1. Кандидатите за деловен секретар потребно е да ги исполнуваат општите и посебните услови утврдени во Правилникот за систематизација на работните места на ЈНУ Институтот за духовно културно наследство на Албанците – Скопје, Категорија Г ниво Г1;

   5. Кандидатите кон пријавата по јавниот конкурс треба да ги достават следните документи, во оригинали или во заверена копија кај нотар:

-Пријава,

-Кратка биографија и библиографија,

-Диплома за завршен научен степен доктор  на науки, кандидатите кои што конкурираат за научен соработник, за подрачјето за кое се избираат;

-Диплома за завршени магистерски на науки кандидатите кои што конурираат за асистент истражувач, за подрачјето за кое се избираат;

-Диплома за завршено средно образование /гимназија/ средно стручно училиште кандидатите кои што конкурираат за деловен секретар.

-Список на рецензирани научни трудови и по еден примерок од секој труд (важи за кандидатите за научен соработник и асистент истражувач);

-Државјанство на Република Македонија, не постаро од 6 месеци, во оригинал или копија заверена на нотар .

6. Распоред на работно време и плата:

– Дневно работно време од 08:30 до 16:30

-Неделно работно време 40 работни часа (од понеделник до петок)
– Основна нето плата за научен соработник изнесува 29.126,00 денари.

– Основна нето плата за асистент истражувач изнесува 22.500,00 денари

– Основна нето плата за деловен секретар изнесува 13.745,00 денари

7. Конкурсот трае 8 (осум) дена од денот на објавувањето.

8. Документите се доставуваат во ЈНУ Институт за духовно културно наследство на Албанците – Скопје, преку пошта на адреса на Институтот, Скопје, поштенски фах. 171 или лично (ул. Илинденска поранешна американска амбасада).

9. Некомплетните и ненавремено доставените пријави со документацијата нема да се разгледуваат.

10. Избираните кандидати ќе засноваат работен однос на неопределено време.

 

ЈНУ Институт за духовно културно наследство на Албанците – Скопје

Shikoni gjithashtu

Konkurs