ЈАВЕН КОНКУРС

Врз основа на член 38 и член 39 од Закон за научно- истражувачката дејност Службен весник на Република Македонија бр. 46/2008; 103/2008; 24/2011, 80/2012; 24/2013; 147/2013 и 41/2014), член 22 од Законот за работните односи Службен весник на Република Македонијабр. 62/2005; 106/2008; 161/2008; 1 14/2003; 130/2009; 149/2009; 50/2010; 52/2010; 124/2010; 47/2011; 11/2012; 39/2012; 13/2013; 25/2013; 170/2013; 187/2013; 113/2014 20/2015; 33/2015; 72/2015 и 129/2015 и Правилникот за систематизација на работните места на ЈНУ Институтот за духовно културно наследство на Албанците – Скопје, се распишува:

 

ЈАВЕН КОНКУРС

За  избор во научно звање и вработување на еден научен соработник/доцент и избор во соработничко звање и вработување на еден помлад асистент истражувач во ЈНУ Институтот за духовно културно наследство на Албанците – Скопје

  1. ЈНУ Институтот за духовно културно наследство на Албанците – Скопје распишува Јавен Конкурс за избор во научно звање и вработување на еден научен соработник/доцент и избор во соработничко звање и вработување на еден помлад асистент истражувач во следните оддели на Институтот:                                    -1 (еден) научен соработник (доцент) во Одделот за историја на Албанците во Македонија и за демографските движења. Кандидатите треба да имаат завршено докторат по историски науки;                    1 (еден) помлад асистент истражувач во Одделот за албанска книжевност.Кандидатите треба да имаат завршено Филолошки факултет, албански јазик и книжевност;
  2. Kандидатите за научен соработник потребно е да ги исполнуваат општите и посебните услови утврдени во Правилникот за систематизација на работните места на ЈНУ Институт за духовно културно наследство на Албанците – Скопје, од категоријата А, ниво А3:

– Ниво на квалификации VIII според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 480 кредити според ЕКТС или завршен VIII степен;

-Исполнување на критериумите за избор во наставно-научни звања утврдени со Законот за научно-истражувачка дејност, Законот за високо образование, Правилникот за начинот и постапката за избор во повисоко научно звање (Сл. весник на РМ бр. 82/09).

 

  1. Кандидатите за помлад асистент истражувач потребно е да ги исполнуваат општите и посебните услови утврдени во Правилникот за систематизација на работните места на ЈНУ Институт за духовно културно наследство на Албанците – Скопје, Категорија В ниво В2;

– Ниво на квалификации VII според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/2 степен;

– Исполнување на критериумите за избор во наставно-научни звања утврдени со Законот за научно-истражувачка дејност, Законот за високо образование, Правилникот за начинот и постапката за избор во повисоко научно звање (Сл. весник на РМ бр. 82/09).

 

4.Кандидатите кон пријавата по јавниот конкурс треба да ги достават следните документи, во оригинали или во заверена копија кај нотар:

-Пријава,

-Кратка биографија и библиографија,

-Диплома за завршен научен степен доктор на науки, односно диплома за завршен факултет,од подрачјето за кое се избираат,

-Список на рецензирани научни трудови и по еден примерок од секој труд,

-Државјанство, не постаро од 6 месеци, во оригинал или копија заверена на нотар.

5.Распоред на работно време и плата:

-Дневно работно време од 08:30 до 16:30,

-Неделно работно време 40 работни часа (од понеделник до петок),

-Основна нето плата за научен соработник изнесува 29.126,00 денари,

-Основна нето плата за помлад асистент истражувач изнесува 21.900,00 денари.

 

6.Конкурсот трае 8 (осум) дена од денот на објавувањето.

 

7.Документите се доставуваат во ЈНУ Институт за духовно културно наследство на Албанците – Скопје, преку пошта на адреса на Институтот, Скопје, поштенски фах. 171 или лично (ул. Илинденска, бб,Скопје, поранешна Американска амбасада).

8. Некомплетните и ненавремено доставените пријави со документацијата нема да се разгледуваат.

9. Избираните кандидати ќе засноваат работен однос на неопределено време.

 

ЈНУ Институт за духовно културно наследство на Албанците – Скопје

Facebook Koment

Shikoni gjithashtu

KONKURS PUBLIK / ЈАВЕН КОНКУРС

Në bazë të nenit 38 dhe nenit 39 të Ligjit për veprimtari kërkimore-shkencore Gazeta zyrtare …