Врз основа на член 31 алинеја шест од законот за научно – истражувачка дејност („Службен весник на Република Македонија“, бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13 и 41/14 145/15 и 154/15), и член 16 од Статутот на Институтот, Советот на ЈНУ Институт за духовно културно наследство на Албанците –Скопје донесе Одлука бр. 0201-287/2 од 31.07.2018 год. со која распишува:
ЈАВЕН КОНКУРС
За избор на директор на ЈНУ Институт за духовно културно наследство на Албанците – Скопје
1.Се објавува Јавен Конкурс избор на директор на ЈНУ Институт за духовно културно наследство на Албанците – Скопје.
Кандидатот треба да ги исполни следните услови:
-да има наставно научно звање доктор на науки од областите во кои ја извршува дејноста Институтот;
-работно искуство од 5 години во наставно научна установа од областите во кои ја извршува дејноста Институтот;
-да е афирмиран работник;
-да поседува способност за организирање на работата на институтот;
-да приложува предлог програма за работа и развој;
-да е државјанин на Р. Македонија;
Покрај пријавата кандидатот треба да ги приложи следните документи:
-биографија
-уверение за стекнато научно звање доктор на науки;
-листа и копија на објавени научни трудови;
-уверение за државјанство;
-извод од матичната книга на родените;
2. Приложените документи треба да се во оригинал или фотокопии заверени кај нотар.
3. Конкурсот ќе трае осум (8) работни од денот на објавувањето на конкурсот.
4. Пријавите со потребните документи да се достават директно во Институтот за духовно културно наследство на Албанците (поранешна американска амбасада, Илинденска бб.), или преку пошта на адреса: поштенски факс 171, 1000 Скопје.
5. Пријавите кои нема да бидат доставени во определениот рок и пријавите кои не ги содржат бараните документи ќе се сметаат за задоцнети и за некомплетирани и истите не ќе се земаат во предвид.
Совет на ЈНУ Институтот за духовно културно наследство на Албанците – Скопје