Јавен конкурс за избор – насловен научен соработник

Врз основа на член 33 од Законот за научно-истражувачка дејност (Сл. Весник бр. 46/2008, 103/08,24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/141, 45/15 и 154/15), член 43 од Статутот на ЈНУ Институт за духовно културно наследство на Албанците – Скопје и одлука од Совет бр. 0201-162/6 од 10.05.2018год.,директорот на ЈНУ Институт за духовно културно наследство на Албанците– Скопје, распишува:

 

 Јавен конкурс

за избор во научни звања

 

I

  • Еден (1) насловен научен соработник во Оддел за етнологија, историја на уметноста и народната архитектура.

II

Кандидатот за насловен научен соработник треба да има научен степен доктор на науки од подрачјето за кое се избира, повеќе рецензирани научни трудови објавени самостојно или во соработка со други автори, учествово научно-истражувачки проекти и значајни постигнувања во примена на научно-истражувачки резултати, придонес во оспособувањето на научно-истражувачки кадри,како и исполнување на условите за избор во научно звањенасловен научен соработник, односно насловен доцент.Кандидатот треба да ги исполни условите од одредбитепредвидени во Законот за научно-истражувачката дејност (Сл. Весник бр. 46/2008, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 45/15 и 154/15), Правилникот за начинот и постапката за избор на повисоко научно звање (Сл. Весник 82/2009).

 III

Кандидатите треба да ги достават следните документи:

  • пријава со краткабиографија;
  • уверение за завршен степен на образование;
  • список на објавени трудови и прилог на поважни трудови (во 4 примероци).

Конкурсот трае 8 дена од денот на објавувањето.

Пријавите по конкурсот да се достават на адреса:

ЈНУ Институт за духовно културно наследство на Албанците –Скопје, поштенски фах 171, Скопје или лично во архивата на Институтот.

 

Директор

Д-р Скендер Асани

Shikoni gjithashtu

Konkurs publik për zgjedhjen/rizgjedhjen e një bashkëpunëtori të lartë shkencor