????????????????????????????????????

Се промовира прирачникот “Препораки за предавање и учење за Холокаустот”

Скопје, 26.06.2020Пред избрана публика, денес во просториите на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје беше промовирана публикацијата „Препораки за предавање и учење за холокаустот“, спроведена од Институтот на албански, македонски, турски и српски јазик.

На почетокот, присатните ги поздрави директорот на Институтот, д-р Скендер Асани, кој, меѓу другото, рече: „Одделот за образование и истражување на холокаустот веќе тргна на добар пат и, уште повеќе, ја започна својата издавачка традиција со овој студиски водич за холокаустот. Уште повеќе сум задоволен што овде со нас го имаме и министерот за образование, кој го поддржа овој проект и, покрај тоа, изрази подготвеност да помогне за наставата за холокаустот да биде вклучена во нашите училишта. И, кога на истото ќе го додадеме фактот дека целиот овој процес се реализира со иницијатива на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, не можам да го сокријам задоволството што сум надлежен за институција која вклучува толку широк спектар на теми и полиња “.

Исто така, на промоцијата се обрати и премиерот на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, преку еден видео презентација, пофалувајќи го објавувањето на „Препораките за предавање и учење за холокаустот“ и потенцирајќи дека овој проект реализиран во рекордно време и со врвен  квалитет –  зборува за сериозноста на работата на овој институт “.

Амбасадорот Јован Теговски, кој исто така ја истакна важната улога на оваа публикација и успешната работа на Институтот, се обрати пред присутните со една видео презентација во својство на национален координатор во Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот (ИХРА) од Северна Македонија.

Настанот го поздрави и амбасадорот на државата Израел во Република Северна Македонија, г-дин Дан Ориан, кој исто така се обрати преку видео-презентација. Ценејќи ја важноста на оваа публикација, тој ја потенцира и одличната работа направена од Институтот и Одделот за образование и истражување за холокаустот.

Покрај официјалните личности, во врска со оваа публикација, својот професионален  став го даде и тимот кој го реализира овој прирачник : Др. Игор Јуруков од Бирото за развој на образованието, како и д-р Зекирија Ибрахими, д-р Теута Агаи Демјаха и Маја Суша, сите истражувачи во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, фокусирајќи се на проценката на спецификите на направениот превод и редакција.

????????????????????????????????????
????????????????????????????????????
????????????????????????????????????
????????????????????????????????????
????????????????????????????????????
????????????????????????????????????

Shikoni gjithashtu

AKADEMI SOLEMNE NË ITSHKSH, NË SHENJË TË RUAJTJES DHE ZHVILLIMIT TË ABC-së SHQIPE

“Sot, kur po kremtojmë një festë të dyfishtë – 116 vjetorin e Kongresit të Manastirit …