Во согласност со член 149 од Законот за високото образование („Сл. Весник на РМ“ бр. 82 од 8.5.2018) и член 16 од Статутот на ЈНУ Институт за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, се објавува
К О Н К У Р С
за запишување студенти на втор циклус студии на студиската програма „Културологија“ на ЈНУ Институт за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, во учебната 2024/2025 година
Број на студенти
На ЈНУ Институт за духовно и културно наследство на Албанците на студиската програма од втор циклус студии „Културологија“ во учебната 2024/2025 година, може да се запишат следниов број студенти:
– Културологија – 20 студенти*
Траење на студиите во семестри
Студиите траат 2 (два) семестри
III. Право на конкурирање
Право на конкурирање имаат кадидатите кои ги исполнуваат следниве услови:
– Завршен прв циклус на студии (240 ЕКТС);
– Познавање на еден од светските јазици (уверение од високо-образовна институција или акредитирана школа за странски јазици);
– Научно поле – хуманистички науки/општествени науки;
– Остварен просек на прв циклус на студии 8,00 или најмалку 7,00 со препораки од два научни работници од соодветната област, или објавени два труда во научно списание.
Документи за пријавување и запишување
Пријавувањето се врши во ЈНУ Институт за духовно и културно наследство на Албанците. При пријавувањето за запишување кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
– Пријавен лист за запишување;
– Оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение);
– Куса биографија (CV);
– Потврда за активно познавање странски јазик;
– Потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840- ХХХ-03161; Конто 722313 00)
– Препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
– Список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);
– Документи за евентуални награди, признанија и други документи.
При запишувањето примените кандидати поднесуваат:
– Индекс и пријавни листови;
– Две фотографии (3,5 х 4,5).
Школарина
Школарината изнесува 1450 евра во денарска противвредност.
Во вкупниот износ е вклучена и одбраната на магистерскиот труд.
VI. Рокови за пријавување и запишување
Прв уписен рок
1. Пријавување на кандидатите 1 – 10.10.2024
2. Запишување на кандидатите 16 – 17.10.2024
Втор уписен рок
1. Пријавување на кандидатите 5 – 14.2.2025
2. Запишување на кандидатите 20 – 21.2.2025
Втор уписен рок ќе се спроведе на студискaтa програмa за кои не се пополнети конкурсните квоти и на кои постојат услови за отпочнување и изведување на наставата во летниот семестар.
По реализацијата на првиот уписен рок, за непополнетите места на студискata програмa Институтот на својата интернет страница ќе објави број на слободни места за запишување во вториот уписен рок во учебната 2024/2025 година.
Документите се доставуваат на следнава адреса:
ЈНУ Институт за духовно и кулурно наследство на Албанците
Бул. „Илинден“ бр. 99
Скопје
П.фах 171
Или лично во архивата на Институтот.
Забелешка:
*Упис на студиската програма (обележана со ѕвездичка) ќе се врши доколку до започнувањето на пријавувањето добие решение за почеток со работа.