ЗА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА ОД ВТОР ЦИКЛУС „КУЛТУРОЛОГИЈА“
Студиската програма од втор циклус на студии „Културологија“ на ЈНУ Институт за духовно и културно наследство нуди соремено образование за интеркултурно комуницирање, интередисциплинарна анализа на феноменот култура и управување со политиките и проектите од областа на културата.
Програмата е концепирана имајќи ги предвид особеностите на Република Северна Македонија, како и сѐ поизразената потреба за интеркултурна соработа и натамошна европска интеграција.
Оваа студиска програма е концепирана да опфаќа предмети од областа на историјата, лингвистиката, книжевноста, социологијата, фолклорот и со тоа ги оспособува студентите за практичен пристап на феномените на културата и успешно и продуктивно посредување, како активност и делување во доменот на културната политика.
Студиите траат два семестри, а структурата на студиската програма ја сочиниваат задолжителни и изборни предмети и одбрана на магистерски труд. Студиите се изведуваат на албански јазик, со можност за изведување на настава на дел од предметите и на англиски јазик.
Културниот идентитет претставува суштина на колективниот – етнички и национален идентитет на Албанците кои живеат во Република Северна Македонија. Затоа ја имаме предвид и потребата за изучување на културните традиции како дел од културното наследство на Албанците во РСМ, а што Институтот за духовно и културно наследтсво на Албанците, како овластен субјект за заштита на јазикот, го обврзува на највисоко ниво да води грижа за заштитата на културата во Република Северна Македонија на историски и на современ план. Еден од главните фактори за водење грижа за културата и културното наследство е токму развивањето на свеста за значењето на културниот идентитет како важен и неделив сегмент од светското културно богатство.
Интердисциплинарниот пристап во наставата и методологијата која вклучува интеграција на знаења и сплет од историски, јазични, антрополошки и други контексти, придонесува за подлабоко и сеопфатно разбирање на културните и општествени процеси од сите сфери на живеењето.
Институтот за духовно и културно наследство на Албанците располага со кадровски и просторен потенцијал за изведување на овој циклус студии.
Со наставните содржини што ги предвидуваме на нашата студиска програма го задоволуваме третиот и најзначајниот сегмент од образовниот процес, а тоа е квалитетен наставен кадар, со завршени постдипломски и докторски студии од различни облaсти на повеќе универзитети. Со предметите што ги предвидуваат нашите студии како: Вовед во културолошките студии, Култура и глобализација, Социологија на културата, Историјата на културата во Македонија, Елитна и масовна култура, Народна култура, Културно наследство, Имагологија, Интеркултурна комуниакција и идентитетот и сл., се продуцираат висококвалификувани кадри коишто ќе се грижат за развојот на културата на општо ниво, подобрување на културната политика, подобрување на содржините од сферата на културата во медиумите, но и реализирање проекти од општ интерес во јавниот и приватниот сектор во државата.