АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО СКОПЈЕ ГИ ПОДДРЖУВА ДИРЕКТОРОТ СКЕНДЕР АСАНИ И ИДКНА КАКО ДОЛГОРОЧНИ ПАРТНЕРИ

АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО СКОПЈЕ ГИ ПОДДРЖУВА ДИРЕКТОРОТ СКЕНДЕР АСАНИ И ИДКНА КАКО ДОЛГОРОЧНИ ПАРТНЕРИ
Скопје, 21 август 2024 година – Директорот на ИДКНА Скендер Асани, во понеделник го прими заменик-амбасадорот и шеф на политичката канцеларија во Амбасадата на САД во Скопје, г. Дејвид Мајерс. Научната и истражувачката дејност на Институтот, вклучително и научните конференции и бројните публикации, беа главните теми кои директорот Асани му ги представи на американскиот дипломат, уверувајќи го дека Институтот што тој го раководи и понатаму продолжува да биде иницијатор на промовирање на меѓуетничкиот дијалог и разбирање . Ова е и дискурсот, според Асани, на кој се заснова неговиот пристап како лидер и како истражувач во отворањето на теми кои служат како превентива против одредени политички и општествени ситуации и околности. Наведе дека е неопходно ИДКНА да биде имун на надворешни политички влијанија, бидејќи само деполитизирана институција гарантира успех и перспектива, потенцира Асани.
Директорот Асани го информираше американскиот дипломат дека ИДКНА успешно ја создава културата на знаењето, со сите премиси на напредни научни методологии. Според директорот Асани, влезот на широкиот пазар на конкуренцијата како и продлабочувањето на локалната и регионалната соработка се главните столбови на кои се заснова идентитетот на научно-истражувачката работа на ИДКНА.
Американскиот дипломат г. Дејвид Мајерс на средбата даде поддршка за целокупната работа на ИДКНА, и за менаџерскиот начин на директорот Асани, сметајќи го за партнер и соработник на американските политики. Тој изјави дека треба да се зачува автономијата на раководното работење на ИДКНА и во оваа прилика му честиташе на директорот Асани за неговата истрајност во унапредувањето на научните и цивилизациските цели преку ИДКНА, чија дејност, како што потенцираше, и понатаму останува во фокусот на вниманието на Американската амбасада во Скопје.

 

Shikoni gjithashtu

NËNA TEREZE U ANGAZHUA QË NJERIU TË MOS I NGJAJË NJË SKELETI TË ZHVESHUR NGA NDJESIA NJERËZORE

Sipas Nënës Tereze natyra njerëzore ka nevojë më tepër për anën shpirtërore sa sa materiale …