Konkurs publik nr. 01/2019

Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работни односи (“Сл.весник на РСМ“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 16/10, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/15, 27/16 и 120/18), член 3 и член 20-г од Законот за вработените во јавен сектор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.27/14, 199/14, 27/16 и 35/18), одредбите од Правилникот за задолжителни елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.34/15), и известувањето од Министерство за финансии за обезбедени финансиски средства број 18-8856/4 од 21.10.2019 година, ЈНУ Институт за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје“  објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС Бр. 01/2019

I. ЈНУ Институт за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје има потреба од вработување на 1 (едно) помошно – техничко лицe на неопределено време за следното работно место:

  1. 1 (едно) лицe на работно место Хаусмајстор, шифра ОБН0401А01006

Посебни услови: степен и вид на образование, Основно или средно образование.
Напомена: Согласно годишниот план за вработување на институцијата за 2019 година, едно (1) вработување за работно место Хаусмајстор е предвидено за Македонец/ка. 

II. Кандидатот за работно место треба да ги исполнува општите услови:

– Да е државјанин на Република Северна Македонија,
– Активно да го користи македонскиот јазик,
– Да е полнолетен,
– Да има општа здравствена способност за работното место и
– Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

III. Распоред на работното време: Дневното работно време за огласното работнo место е во траење од осум часа дневно, односно 40 часа неделно.

Почеток и завршеток на дневното и неделното работно време: 08:30 – 16:30.

IV. Основна нето плата:

Паричен нето износ на збирот од делот на плата  назив на работно место Хаусмајстор изнесува 18.000 денари.

Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 5 (пет) работни дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавување на огласот). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Пријавата за огласот може да се подигне од архивата на ЈНУ Институт за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје или да се симне од интернет страната www.itsh.edu.mk. Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Кандидатите заедно со пријавата треба да ги достават потребните документи за исполнување на општите и посебните услови:
– Уверение за државјанство;
– Уверение за општа здравствена способност за работното место (не постаро од 6 месеци)
– Потврда/Уверение дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност (не постаро од 6 месеци)
– Доказ – Диплома/Уверение за завршено образование

Пријавата со потребната документација кандидатите треба да ја достават до архивата на ЈНУ Институт за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје (поранешна американска амбасада), секој работен ден од 9 до 15 часот или по пошта на следната адреса: Поштенски Фах 171  (со назнака за „јавен оглас број – 1/2019“)

Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена на нотар.

Ненавремените пријави и документацијата нема да се разгледуваат.

Селекцијата и интервјуто на пријавените кандидати ќе ги спроведе надлежна Комисија формирана за спроведување на постапка за вработување. Пријавените кандидати ќе бидат навремено известени за времето и местото на одржување на интервјуто.

Изборот на кандидатите ќе се изврши во рокот определен во член 23 став 2 од Законот за работни односи.

ЈНУ Институт за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје

—————————————————

 

ЈНУ ИНСТИТУТ ЗА ДУХОВНО И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА АЛБАНЦИТЕ – СКОПЈЕ

 

П Р И Ј А В А
ПО ЈАВЕН ОГЛАС бр. 01/2019

За работно место (реден број и назив)

1.Податоци за кандидатот

Име и Презиме __________________________________________________

Датум и место на раѓање __________________________________________________

Адреса и место на живеење __________________________________________________

Припадност на заедница __________________________________________________

Електронска адреса на кандидатот_________________________________________

 2.Изјава за исполнување на општите услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно

Да е државјанин на Република Македонија —————————— ДА/НЕ

Активно да го користи македонскиот јазик —————————— ДА/НЕ

Да е полнолетен ————————————————————— ДА/НЕ

Да има општа здравствена способност за работното место ———– ДА/НЕ

Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност——————————————- ДА/НЕ

  1. Изјава за исполнување на посебните услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно

степен и вид на образование ———————————————— ДА/НЕ

работно искуство ————————————————————- ДА/НЕ

Под кривична и материјална одговорност изјавувам дека податоците внесени во пријавата се точни и вистинити.

 

Датум: ____________

Скопје                                                                                 Потпис на кандидатот

 

 

 


 

Facebook Koment

Shikoni gjithashtu

Konkurs për zgjedhjen/rizgjedhjen e një bashkëpunëtori të lartë shkencor, zgjedhjen e një bashkëpunëtori shkencor dhe një asistenti hulumtues

Facebook Koment