Институционализација на едукацијата за Холокаустот во формалното образование

ВЕБИНАР ОД ИДКНА И ЈАД ВАШЕМ  

Скопје, 22/06/2020 Денеска за прв пат Одделот за образование и истражување на Холокаустот при Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје, офоцијално го започнаа онлајн вебинарот за Холокауст образование во соработка со Јад Вашем, најголемиот светски истражувачки, едукативен и музејски центар од Ерусалим, Израел, кој ќе трае од 22-ри до 25-ти јуни.

Под покровителство на Министерот за образование и наука д-р Арбер Адеми и специјалниот преставник за холокауст образование д-р Игор Јуруков учество земаа 45 професори и наставници од целата земја, а како поддршка на семинарот со кратки обраќања се обратија и израелскиот Амбасадор Дан Оријан и в.д. амбасадорот Александар Аврамовски од македонската амбасада во Тел Авив.

Со зборови на поддршка кон охрабрувањето за изучување на холокаустот со свој говор се обрати и директорката за интернационална соработка на Јад Вашем д-р Рахел Бад Каплан, која го истакна особено нашето партнерство како многу значајно за промоција на оваа тема во рамките на Балканот.

Одделот за образование и проучување на холокаустот во рамките на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците официјално започна со работа минатата година, а веднаш потоа Министерот Арбер Адеми ја потпиша и заедничката декларација со Јад Вашем за заедничка соработка и едукација на македонските професори во центарот во Ерусалим.

Од Одделот за образование и проучување на холокаустот се обрати и г-ѓа Маја Суша, која истакна дека ова претставува дел од нивната стратегијата која започна конечно да се применува директно во рамките на државниот образовен систем и формалното образование со што голем дел од учесниците ќе имаат можност да добијат високо квалитетно образование и насоки, но и материјали и алатки за користење при наставата за холокаустот, директно од Одделот за образование и проучување на холокаустот при ИДКНА.

Директорот на ИДКНА, д-р Скендер Асани во рамките на отварањето на вебинарот истакна дека сите заложби започнаа со поддршка и иницијатива на невладиниот сектор, а особено на невладината организација „АКТА НОН ВЕРБА“, која работи посветено за промоција на холокауст образованието во рамките на државните институции на целиот Балкан и со цел институционализирање на холокауст образованието во формалното образование.

Facebook Koment

Shikoni gjithashtu

Dr. Asani, pjesëmarrës në takimin vjetor botëror të programit MERRI

Shkup, 17.09.2020 –  Për tri ditë me radhë (15,16,17 shtator), me ftesë të Departamentit të …